01.07.2024

Од 2. до 7.јули во Атина, Рига, Валенсија и Сан Хуан, ќе се играат олимписките квалификациски турнири

Битка за четири билети за учество на кошаркарскиот турнир на Олимпијадата во Париз

Вкупно 24. национални тимови од целиот свет, во најголем дел од Европскиот континент, од 2. до 7.јули ќе тргнат во битки за четири места за настап на кошаркарскиот турнир во машка конкуренција, на претстојните Олимписки игри во Париз.

Во наредната седмица, преку учество на четири турнири ќе бидат познати и четирите национални тимови кои ќе им се придружат на оние осум, кои претходно обезбедија учество на Олимписките Игри во главниот град на Франција.

Претходно, ФИБА им ја додели организацијата на четири града, односно на три европски федерации, Атина, Рига и Валенсија, како и еден на американскиот континент, Сан Хуан, во Порторико.

По шест репрезентации, поделени во две групи „А“ и „Б“ во секоја од нив, ќе се обидат да стигнат до место, она победничкото, кое води во Париз.

Секоја од нив ќе одигра по два натпревари во првата, групна фаза која ќе се игра во периодот од 2. до 4.јули, во кој по три екипи од секоја група, ќе се борат за две места кои водат во полуфиналето.

Во наредната фаза, ќе вкрстат првопласираната од групата „А“ во второпласираната од групата „Б“, во полуфиналето кое е на програмата на 6. јули.

Победниците и патниците за Париз ќе ги добиеме на 7. јули, кога се играат финалните натпревари на четирите квалификацики олимписки турнири.  

Претходно виза за Париз веќе обезбедија селекциите на Австралија, Јапонија, Канада, Јужен Судан, Србија, САД, Германија, како светски шампион, и домаќинот на Олимписките Игри – Франција.

ТУРНИР – АТИНА (ГРЦИЈА)

ГРУПА А: Словенија, Нов Зеланд, Хрватска

ГРУПА Б: Египет, Грција, Доминиканска Република

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ – ГРУПНА ФАЗА

2.ЈУЛИ (ВТОРНИК)

16.30: Египет – Доминиканска Република

20.30: Словенија – Хрватска

3.ЈУЛИ (СРЕДА)

16.30: Хрватска – Нов Зеланд

20.00: Доминиканска Република - Грција

4.ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК)

16.30: Нов Зеланд - Словенија

20.00: Грција - Египет

ТУРНИР – РИГА (ЛЕТОНИЈА)

ГРУПА А: Грузија, Филипини, Летонија

ГРУПА Б: Бразил, Камерун, Црна Гора

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ – ГРУПНА ФАЗА

2.ЈУЛИ (ВТОРНИК)

14.30: Бразил – Црна Гора

18.00: Грузија – Летонија

3.ЈУЛИ (СРЕДА)

14.30: Црна Гора – Камерун

18.00: Летонија – Филипини

4. ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК)

14.30: Филипини – Грузија

18.00: Камерун - Бразил

ГРУПА – САН ХУАН (ПОРТОРИКО)

ГРУПА А: Мексико, Брег на Слонова Коска, Литванија

ГРУПА Б: Италија, Порторико, Бахреин

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

2.ЈУЛИ (ВТОРНИК)

23.30: Италија – Бахреин

02.30: Мексико – Литванија

3.ЈУЛИ (СРЕДА)

23.30: Литванија – Брег на Слонова Коска

02.30: Бахреин - Порторико

4.ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК)

23.30: Брег на Слонова Коска – Мексико

02.30: Порторико - Италија

ГРУПА – ВАЛЕНСИЈА (ШПАНИЈА)

ГРУПА А: Либан, Ангола, Шпанија

ГРУПА Б: Финска, Полска, Бахами

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

2.ЈУЛИ (ВТОРНИК)

17.30: Финска – Бахами

20.30: Либан – Шпанија

3. ЈУЛИ (СРЕДА)

17.30: Бахами – Полска

20.30: Шпанија – Ангола

4. ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК)

17.30: Ангола – Либан

20.30: Полска – Финска

*Сатнините се дадени според средноевропско време