По три години во Скопје, националниот Куп кој го носи името на нашата голема кошаркарска легенда Благоја Георгиевски-Буштур, овој февруари „се пресели“’ во Битола.
А луѓето од КК Пелистер која ја доби организацијата на 32. издание на завршниот турнир, не заборавија на ликот и делото на нашиот кошаркарски великан.
Преставникот на раководството на клубот од Битола и компанијата „Таск форс“, Виктор Димовски, непосредно пред почетокот на последниот четвртфинален натпревар во кој играа Пелистер и Феникс 2010, му врачи посебно, постхумно признание на синот на нашиот „Буштур“, Борјан Георгиевски.
Навистина прекрасен гест на битолчани!