17.12.2019

Благодарница за општина Центар за поддршката на проектот Минибаскет лиги

Раководството на КФСМ им изрази благодарност на Општина Центар и градоначалникот, г. Саша Богдановиќ, за комплетната поддршка која ја дадоа при реализација на новиот проект на федерацијата.

 

Нашата федерација не ги заборава заслужните. Раководниот тим, предводен од претседателот Перо Антиќ, и генералниот секретар Владимир Георгиевски беше во посета на Општина Центар.

Во знак на благодарност, за сето она што првиот човек, Саша Богдановиќ, и Општина Центар го дадоа како поддршка на новиот проект – Минибаскет лиги, му врачија специјално изработена благодарница.

За потсетување, Општина Центар и градоначалникот Богдановиќ финансиски застанаа зад настанот кој изминатиот викенд КФСМ го реализираше во својот дом, салата „Кале“ во Скопје.