20.12.2017 Македонската кошаркарска федерација сака да упати јавна благодарност до компанијата МЕПСО за поддршката на националниот тим во женска сениорска конкуренција. Реномираната компанија застана зад сениорките кои првпат по три години неактивност повторно им се вратија на репрезентативните активноти. Сениорките изминатиот ноември ја започнаа мисијата „Евробаскет 2019“ натпреварувајќи се во квалификациите за Европското првенство што во 2019 година ќе се одржи во Летонија и во Србија. Вториот прозорец од овие квалификации ќе се одигра идниот февруари, 2018 година.