12.04.2019

Блокотехна лесно ја мина првата етапа од Купот

Кошаркарките на Блокотехна се првите патници во полуфиналето од државниот Куп за 2019 година откако во рамки на првиот четвртфинален натпревар ги совладаа противниците од АВ Охрид со речиси двојно повеќе поени.

На „галебите“ им требаше повеќе време за да се скоцентрираат на играта што резултира со двоцифрена предност на противникот рано во натпреварот. Како одминуваше времето, така кошаркарите на Блокотехна таложеа предност која до крајот на натпреварот стигна до 115-68односно 27-18,34-17, 25-14 и 29-19 по делници.

Целосната статистика од натпреварот може да се погледне на следниот ЛИНК.