16.02.2018

Блокотехна си резервира полуфинале

Екипата на Блокотехна продолжува да со своите одлични игри да испишува клупска историја. Клубот-новајлија во Првата лига во машка сениорска конкуренција се пласира во Куп-полуфиналето откако славеше против екипата на АВ Охрид. Избраниците на Марјан Илиевски беа сконцентрирани на паркетот и брзи во креирањето на акциите благодарение на што предноста стана двоцифрена уште во првиот период. Кошаркарите на Охрид пак најголемиот дел од акциите ги финишираа преку еден играч што на крај за тимот се покажа како неисплатливо.

Во финишот Блокотехна славеше со конечни 110-88 (35-17, 25-16, 29-34, 21-21)
Целосната статистика е достапна на следниот ЛИНК