02.11.2017

Блокотехна со победа во Аеродром го заокружи четвртото коло во ПЛМ

Кошаркарите на Блокотехна уживаат на врвот на табелата во Првата лига (мажи) со максимален учинок од четири победи, последната над МЗТ Скопје Аеродром среде Скопје во рамки на четвртото коло. Гевгелискиот состав го дели првото место на табелата со Гостивар и со Работнички кои по четири кола во тековната сезона немаат запишано пораз.

Последниот натпревар за четвртото коло, помеѓу МЗТ Скопје Аеродом и Блокотехна, имаше бавен тек на играта. Домаќините одново се мачеа со одбраната, а противникот знаеше како да ги казни грешките. Лошата комуникација во одбраната ги чинеше кошаркарите од актуелниот шампионски состав кои по еден одигран период веќе беа во двоцифрена негатива. Резултатот гласеше 13-23 по нешто помалку од десет минути игра што влијаеше на самодовербата на шампионскиот состав кој не успеа да ги консолидира своите редови до крајот на натпреварот. Избраниците на Марјан Илиевски направија неколку пропути во својата игра отзывы реальных игроков в казино, но тоа само придонесе за намалување на предноста, не и нејзино анулирање.

МЗТ Скопје Аеродром – Блокотехна 77-85 (13-23, 20-23, 24-21, 20-18)

СТРЕЛЦИ:
МЗТ Скопје Аеродром: Трајковски (17поени), Стојановски (2), Лалиќ (17), Симоновски (19), Стајиќ (11), Мекиќ (3), Спасојевиќ (8)
Блокотехна: Младеновиќ (10), Главчев (10), Мијатовиќ (21), Казарновски (9), Бенџамин (20), Малори (15)

 

РЕЗУЛТАТИ ЧЕТВРТО КОЛО
Струмица – Куманово 66-90 (9-22, 15-20, 16-25, 26-23)
Карпош Соколи – Фени Индустри 103-109 (23-20, 18-13, 19-28, 23-22, 20-26)
Работнички  - Пелистер  105-49 (32-8, 13-12, 36-15, 24-10)
Гостивар – Шкупи 94-78 (18-19, 23-16, 23-20, 30-23)
Охрид – Кожув 86-74 (16-18, 19-22, 23-16, 28-18)
МЗТ Скопје Аеродром – Блокотехна 77-85 (13-23, 20-23, 24-21, 20-18)