Еден од најталентираните млади македонски кошаркари (родени 2002 година), Богдан Мирковски и во наредните две години ќе игра на „чизмата“.
Односно, младинскиот репрезентативец ќе игра за екипата на Мантована баскет со која потпиша двегодишен договор.
Двеста и три сантиметри високото крило дојде во Италија уште во сезоната 2016/2017. Играше за Блу Сеа баскет од Лавања. Во наредната се пресели во Канту, каде со голем успех настапуваше во У 16 шампионатот на Италија.
А во истата сезона со нашиот кадетски тим дојде до третото место на ЕП од Дивизијата „Б“ во Сараево.
Во последните две сезони беше дел од јуниорскиот тим на ABC Канту, а беше блиску и до првиот тим кој е дел од Серија А.
Со „Добредојде Богдан“ ( и користење на кириличен фонт) Мирковски е пречекан од страна на новиот клуб во неговата кариера.