Бојан Крстевски е еден од најстандардните играчи во нашата сениорска селекција во изминатиот период. Дел е од тимот и во овој августовски циклус во кој тргнавме добро во втората фаза од претквалификациите. Со победа над Данска на гостински терен во Нествед.
„Заслужено победивме во Данска, беше еден тежок меч, на крај можеби заврши и среќно за нас со тој шут, но победивме сосема заслужено“.
Вели дека мора случувањата во Нествед да ги оставиме зад себе, и да мислиме само на она што следува вечерва, дуелот со Словачка.
„Мора да го заборавиме тој меч, затоа што ако не го добиеме овој со Словачка, победата на натпревар нема ништо да ни значи. На терен мора сите да бидеме фокусирани и мотивирани, за да ја оствариме нашата цел“.
Играме против добро познат противник што носи доста полесна подготовка за овие 40.минути во СРЦ „Кале“
„Словаците ни се добро познати затоа што со нив игравме двапати лани, можам да кажам дека горе-доле се во ист состав. Сите работи остануваат на нас“- смета силното крило на „црвено-жолтите“ пред мечот со добро познатиот противник.
ДАМЈАН РОБЕВ:„ОЧЕКУВАМ ПОБЕДА, И НИШТО ДРУГО“!
Кај Дамјан Робев нема дилеми. Очекува победа против Словачка, како потврда за успешниот почеток на претквалификациската трка за место на Евробаскетот 2025.
„Не очекувам ништо друго освен триумф против Словачка. Се работи за противник со кого игравме двапати во претходниот циклус, првиот меч бевме многу подобри, во вториот меч нè победија, но ние веќе бевме во следната фаза и таа средба не репер. На повеќето од играчите ни е познат противникот. Мислам ќе ни биде полесно за време на мечот, за договор како да напаѓаме и како да браниме. Се надевам на добар исход“- вели бекот-шутее во нашиот национален тим во кој, за разлика од средбата со Данска, ќе има една измена.
На местото на Димитар Пандев, во финалните 12, ќе се најде името на веќе стандардниот на бековската позиција, Бобан Стајиќ.