01.07.2022

„Ако сакаме да бидеме подобри, ќе мора да ги отстраниме грешките“- потенцира искусниот крилен центар во нашата селекција

БОЈАН КРСТЕВСКИ: „Сепак, се работи за светски шампион, но имавме и добри моменти“

Како и соиграчите, Бојан Крстевски имаше добар старт на дуелот во Сарагоса. Но како одминуваа минутите, Шпанија покажа зошто е актуелен светски шампион, доволно за нашиот заменик-капитен да им честита на убедливиот триумф:

„Најпрво, сакам да ѝ честитам на Шпанија за победата. Го почнавме мечот добро и во првиот квартал имавме добри моменти. Во вториот дел Шпанија ја ‘стегна’ одбраната, даваше лесни поени од контри и нè принуди на грешки. Тука тие ја направија разликата. Се работи, сепак, за поискусен тим, со поголема ротација. Како што кажа и тренерот имавме добри моменти кои мора да ги надополниме ако сакаме да бидеме подобри и мора да ги отстраниме грешките“- гласеше коментарот на нашиот крилен центар по завршувањето на мечот во Сарагоса,