24.11.2021

„На нас е да излеземе на терен, максимално ангажирани и борбени и да ги исполниме задачите на селекторот“ - вели новиот капитен

Бојан Крстевски:„Секоја чест за Шпанија, но ние нема однапред да ѝ се предадеме“

Новиот капитен на националниот тим, Бојан Крстевски, е свесен кого ќе имаат против себе, но најавува голема борбеност, без предавање однапред.

„Имавме пократок временски период за тренирање за разлика од летото и нешто поизменета екипа од претквалификациите. Не сме комплетни, но тоа тоа мора да го оставиме зад нас и да се фокусираме на тоа што го имавме и со кое располагаме. На нас е да излеземе на терен, максимално ангажирани и борбени и да ги исполниме задачите на селекторот, како и да се претставиме во најдобро светло. Секоја чест за Шпанија, но ние нема однапред да ѝ се предадеме“, изјави Крстевски.