16.08.2021

Претквалификации СК 2023

БОЈАН ТРАЈКОВСКИ: „ Се бодревме и боревме, сите бевме заедно, на крајот резултатот е во наша корист“!

„Секако дека сме задоволни сите, напорно работевме и испочитувавме се што требаше да испочитуваме. Се бодревме и боревме, сите бевме заедно, на крајот резултатот е во наша корист. Швајцарија е една одлична репрезентација, со години наназад растат како национален тим, така што, на крајот добро е што резултатот заврши во наша полза и се реванширавме.

 

Со селекторот сме одлични, сите работи што се случија пред полувремето беа во жарот на борбата. Двајцата сме малку емотивни, сакаме да победиме. Си подадовме рака и си простивме еден на друг“- искоментира капитенот по одлично сработената задача на овој дуел со Швајцарија.