18.08.2021

Претквалификации СК 2023

БОЈАН ТРАЈКОВСКИ: „Освоивме прво место во кое никој не веруваше пред стартот на подготовките за овој циклус“

„Многу работи треба да се подобрат за понатаму, но сега не е време да се говори за тоа. Освоивме прво место во кое никој не веруваше пред стартот на подготовките за овој циклус. Треба да извлечеме една добра поука. Завршуваме први, работевме на пеколни температури 40 дена. Додека сите беа на одмор, ние бевме тука за репрезентацијата. Сега следат квалификациите, од многу работи и противници ќе зависат тие. Не знаеме кој тогаш ќе игра, кој ќе биде спремен, кој повреден, кој не... Сите кои ќе добиеме повик ќе се сплотиме и се надевам на добар резултат. Оценка од најмладиот до најстариот - сите имаат една „десетка“ за настапите!“, изјави Бојан Трајковски.