Бојан Трајковски беше еден од четворицата играчи во нашата селекција кои премиернито меч од квалификациите за Еп 2022 во Перм, го заврпшија со двоцифрен број на поени.
И еден од играчите на кои се ослонуваше нашата игра против фаворизираниот противник кој се покажа како подобар „финишер“ и на крајот нè остави без успех.
Време за одмор нема. По 24.часа следува уште еден голем предизвик. Македонија игра против домаќинот на турнирот – селекцијата на Русија.
Во исто време 15.30 часот, на исто место, во Арената „Молот“во Перм.
„Нема да менуваме ништо. Она што го одигравме вчера вечер со Италија, ќе го играме и против Русија. Одиме на победа против домаќинот. Одиме да си покажеме на самите себе дека можеме да играме со големите репрезентации. Штета е што добрата игра со Италија не ја наградивме со победа. Но што е тука е, на крајот на денот излеговме со кренати глави по тој натпревар, кој ни даде некои насоки каде би можеле да ја унапредиме нашата игра“.
Русија игра малку поразлично во однос на Италија. Не форсираат шут како италијанците, имаа доста подолги напади. Тоа веројатно би одговарало на стилот на играта кој ние го преферираме?
„Ниту еден меч не е ист, па таков нема да биде ниту денешниот со Русија. Сепак, домаќини се. Имаат ‘потреба’ од уште една победа, и јасно е дека ќе притиснат, во желба да го осигураат пласманот на ЕП. Можеби имаат ‘поспор’ напад, но имаат ‘сајз’, доста висока постава, која ќе ни прави проблеми во нападот. Се надевам дека ќе бидеме уште подобри на овој меч, и дека не сме без шанси за успех“- дополнува силното крило во нашата селекција.