Вкупно 16. екипи, поделени во три одвоени „затворени турнири“ во наредните три дена (16-19.март) ќе треба да одлучат кои се најдобрите четири кои ќе бидат дел од финалниот турнир.
ФИБА одлучи да организира три турнири. Првиот во романскиот Ст. Георге, каде ќе има дури осум екипи, вториот во Валенсија и третиот во Кајзери каде ќе има по четири екипи-учесници.
Двете најдобри од првиот, заедно со двете најдобри екипи од другите два турнири ќе се пласираат на „Фајнал-фор“ турнирот кој ќе се одржи од 9. до 11. април во место кое дополнително ќе биде одредено.
Македонската кошарка ќе има свој претставник во Девана Бонер, која со својата екипа, Елитзур Рамла ќе се натпреварува на турнирот во Романија.
Прв противник во осминафиналето (утре, од 15.часот), им е швајцарскиот претставник Фрибург.
Сите натпревари во оваа фаза се елиминациски, екипите немаат право на грешка.
ТУРНИР-СТ. ГЕОРГЕ
Рејер Венеција – Хоржов
Лоинтек Герника – АЦС Сепси
Рамла Елитзур – Фрибург
Кароло Баскет – Цеглед
ТУРНИР-ВАЛЕНСИЈА
Валенсија – Мишколц
Спарта Видноје – ЕБСВА-ЛМ
ТУРНИР-КАЈЗЕРИ
Шексард – Сент Аманд
Елазиг – Кајзери