09.04.2021

Атомерому испадна по поразот од Рејер Венеција (58:63) во полуфиналната пресметка

Бонер направи дабл-дабл, но не беше доволно за место во финалето

Македонската репрезентативка Девана Бонер и екипата Атомерому од Шексард не успеаја да се пласираат во финалето од ФИБА Еврокупот на свој паркет, откако загубија од италијанската Рејер Венеција со резултат (58:63).

Завршниот турнир од ова натпреварување се одржува на теренот на Атомерому во Шексард, но тоа не се покажа како предност за екипата на нашата кошаркарка. На хартија, таа одигра добар натпревар, ако се земе предвид дека оствари дабл-дабл со десет поени и десет скока.

Но Бонер имаше дури 21 шут од поле, а реализира само четири (3/15 за два, 1/6 за три) и на крајот имаше индекс - 3.

Противник на Рејер Венеција во финалето од Еврокупот ќе биде екипата на валенсија која беше подобрата екипа во дуелот со Флам Кароло (80:68).