Нашите сениорки денеска попладне го одиграа првиот од два пријателски натпревари против соодветната селекција на Србија и запишаа пораз од 76-63 односно 14-15, 20-15, 19-18 и 23-15 по делници.
Избраничките на Марјан Лазовски фуриозно ја започнаа првата делница и беа недостижни за својот противник. Се играше егал на теренот во спортската сала на Академија Визура. Борбеноста на нашите дами од А репрезентацијата резултира и со резултатско водство. На паузата се замина со минимална предност на домаќинот од четири поени (34-30). Во вториот дел од натпреварот кошаркарките од противничкиот табор ја зацврстија играта во рекетот и успеаја да наталожат резултатска предност која смирено ја одржуваа до крајот.
Во листата на стрелци се запишаа Александра Стојановска (18 поени), Анџелика Митрашиновиќ (17 поени), Нена Трајчевска (15 поени) и Јелена Антиќ (13 поени).
Кошаркарките ќе одиграат уште еден пријателски натпревар против Србија од затворен карактер, утре во 21:00 часот.