Земајќи ја предвид критичната и вонредна состојба во Европа, како резултат на пандемијата на COVID-19, и со цел да се заштити здравјето и безбедноста на младите играчи, тренери, официјални лица и навивачи, Бордот на ФИБА Европа донесе одлука, заради големиот обем на настаните, да ги откаже сите натпреварувања кои требаше да бидат реализирани во текот на ова лето.
Поништувањето на настаните би значело дека:
На сите домаќини во 2020 година ќе им се овозможи приоритет да бидат домаќини на истите турнири во 2021 година, доколку сакаат да го сторат тоа.
Во спротивно, ќе биде обновена постапката за кандидатура за организација, во текот на есента 2020 година;
Регистрациите за сите младински европски првенства ќе се одвиваат нормално за 2021 година, бидејќи националните федерации ќе регистрираат тимови засновани врз јачината на соодветните генерации и финансиската состојба.
Последователно ќе има нова ждрепка за турнирите во 2021 година.
Со цел барем да се намали финансискиот ефект предизвикан од откажувањето на летните настани, Бордот се согласи дека ФИБА Европа ќе ги плати во целост таксите за учество на младите на сите национални федерации.
Исто така, ФИБА Европа ќе одржува отворена линија со сите организатори на летните настани во врска со таксите и перспективата за 2021 година.
ФИБА ЕВРОБАСКЕТ И ЖЕНСКИ ЕВРОБАСКЕТ
По одложувањето на Олимписките игри, Бордот разговараше за опциите во врска со следните години на ФИБА Евробаскетот и женскиот Евробаскет,
Иднината на двете првенства ќе биде претставена пред Извршниот комитет на ФИБА в четврток, во врска со нивното можно влијание врз календарот на ФИБА, пред ФИБА Европа да се консултира со LOC (локален организациски комитет) и да донесе одлука.