Традицијата продолжува...
Македонскаѕта кошаркарска федерација ќе биде во улога на организатор, а главниот град, Скопје, во улога на домаќин на уште две Европски првенства за млади кошаркариво 2024 година.
Бордот на ФИБА Европа на својата седница во швајцарскиот Мие, одлучи во периодот од 26. јули до 16 август, КФСМ ќе биде организатор на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 18“ години, но и на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години.
Само уште една потврда повеќе за одлините релации кои нашата федерација ги има со Светксата кошаркарска федерација, особено европската зона на ФИБА.
Оваа одлуга на Бородот впрочем ќе биде само продолжување на оној континуитет на добивање на доверба за организација на вака големи европски натпреварувања во кои се вклучени оние младински национални селекции.
Инаку, Еврошампионатот од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 18“ години ќе биде реализиран во периодот од 26.јули до 4. август, додека пак оној во кадетска конкуренција, oдносно играчи „Под 16“ години, исто така од Дивизијата „Б“, ќе се одигра во пеиродот од 8. до 17. август, двете во македонската престолнина – Скопје.
Нашите млади кошаркари, оние од селекцијата „Под 20“ години (2004 година и помлади), ќе се борат за што подобар пласман на Европското првенство кое ќе се игра од 13.до 21 јули во полскиот град Гдиња.