Македонската кошаркарска федерација потврдува уште еднаш дека ужива голем углед во ФИБА.
Доказ плус за тоа е и довербата која Бордот на европската кошаркарска федерација, одржан денеска, во Париз, донесе одлука и во наредната календарска, 2023 година, да бидеме во улога на организатори на две Европски првенства во млади категории.
Нашата федерација ќе го организира Европското првенство за кошаркари „Под 20“ години, од Дивизијата „Б“, кое е планирано да се одржи во периодот од 7. до 16. јули, 2023 година, а град домаќин ќе биде Скопје.
А по одличната реализација на двете првенства во текот на изминатото лето, Скопје ќе ги пречека и најдобрите млади кошаркари „Под 16“ години од Дивизијата „А“.
Шампионатот ќе се одигра во периодот од 5. до 13.август.
Познати се и останатите градово/држави организатори на наредните евро-шампионати во младински конкуренции во машка конкуреција.
ЕП од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години ќе се игра во романскиот Питешти (4-13.август), а од Дивизијата „Ц“ во Приштина (4-13.август).
Европското првенство Дивизија „А“ за кошаркари „Под 18“ ќе го организира Србија, во градот Ниш, во периодот од 22.до 30.јули, додека селекциите во Дивизијата „Б“ ќе се натпреваруваат во португалскиот Матошинос (21-30.јули).
Најдобрите младински селекции, играчи „Под 20“ години пак од 8.до 16.јули ќе се одржи во Ираклион (Грција).
Што се однесува за оној женски младински сегмент, утврдени се само четири градови/држави организатори на големите младински приредби во 2023 година.
Женскиот кадетски шампионат од Дивизијата „А“, ќе се игра во Измир (Турција), Дивизијата „Ц“ во Андора, потоа ЕП Дивизија „Ц“ за кошаркарки „Под 18“ ќе биде во албанскиот Драч, а за кошаркарки „Под 20“ години од Дивизијата „Б“ во Крајова.
ЛИСТА НА ОРГАНИЗАТОРИ НА ЕВРОПСКИ МЛАДИНСКИ ПРВЕНСТВА ЗА 2023 ГОДИНА