Своите наредни натпревари од квалификациите за Евробаскетот во 2022 година, машката селекција на Македонија ќе ги одигра на турнир во Талин.
Вака гласи одлуката на Бордот на ФИБА Европа кој прифатил 16. апликации за добивање на организацијата на т.н. „балони“ во ноемврискиот квалификациски циклус.
Тоа значи дека наредни мечеви, оние против селекциите на Италија, на 27.ноември, и со Естонија, закажан за 30.ноември, нашиот национален тим ќе ги одигра на територијата на Естонија, еден од нашите противници во трката за местата кои водат на Европското првенство.
Што се однесува пак за нашата женска сениорска репрезентација, своите наредни квалификациски натпревари ќе ги одигра во Рига.
Во Летонија ќе биде реализиран номеврискиот „прозорец“ во групата „И“ во кој избраниот тим на селекторот Владимир Ѓоровиќ го чекаат мечеви против селекциите на Хрватска, закажан за 12. ноември, и против Германија, на 14.ноември.
Домаќините на турнирите за февруарскиот „прозорец“, ФИБА ќе ги одреди на наредниот Борд кој ќе се одржи во декември.