29.11.2024

7-16. август, 2025 година

Бордот на ФИБА Европа потврди - Македонија организатор на едно младинско првенство за 2025 година

Состанокот на бордот на ФИБА Европа, одржан синоќа во Истанбул, ја потврди кандидатурата на Кошаркарската Федерација на Македонија за организација на младинско Европско првенство за 2025 година.

Кошаркарската Федерација ја доби довербата на ФИБА да го организира кадетското првенство, дивизија Б, во машка конкуренција кое е предвидено да се одржи во периодот од 7. до 16. август идната календарска година во Скопје.

Покрај кадетската машка репрезентација, КФСМ ги пријави за учество и кадетската женска репрезентација, двете репрезентации (машка и женска) до 18 години, како и машката репрезентација до 20 години.