16.06.2020

Ако ситуацијата не го дозволува тоа, натпреварите во евро-квалификациите ќе се поместат во февруари, односно јули, 2021 година.

Бордот на ФИБА Европа реши, ноемврискиот „прозорец“ останува активен

Бордот на ФИБА Европа  одлучи, ноемврискиот „прозорец“ од квалификациите за пласман на ЕП 2021 година да се игра според претходно утврдениот календар за натпреварување.

Без или со лимитиран број на гледачи, секогаш во согласност со локалните законски регулативи.

Во случај, да не може да се игра во текот на ноември, тогаш натпреварите од тој „прозорец“ ќе бидат одложени, односно преместени за февруарските термини.

Оние мечеви кои на програмата беа во февруари ќе бидат презакажани за јули, 2021 година. Притоа водејќи сметка да бидат реализирани помеѓу крајот на Олимписките квалификациски турнири и почетокот на Олимписките Игри во Токио.

Истите одлуки се однесуваат и за оној женски сегмент во квалификациите за Евробаскетот.