07.09.2024

Европско првенство до 20 години, мажи

Боро Смилковски: Единствено нешто што можеби можеше подобро е резултатите од првенството

За лето 2024 година, Кошаркарската Федерација ги пријави за учество младинските репрезентации до 20 години, до 18 години и до 16 години во машка конкуренција како и женската репрезентација до 18 години.

Секоја репрезентација пред почетокот на тренажниот процес обави спортски прегледи во медицинскиот партнер на КФСМ, клиничката болница Аџибадем Систина, а потоа тренираше во Скопје и одигра неколку пријателски натпревари.

Младинската машка селекција, означи почеток на подготовките на 10. Јуни, 2024 година. Селекторот прозиваше во Скопје, во СРЦ Кале каде националниот состав до 20 години ги одржуваше тренинзите. Десетина дена по почетокот на официјалниот дел од подготовките младинците заминаа во Црна Гора на пријателски двомеч. Месец јуни го комплетираа со уште еден двомеч, против соодветната национална селекција на Словачка на домашен терен. Последна контрола пред настап на младинскиот Евробаскет е закажана повторно во Скопје, со селекцијата на американскиот колеџ-тим „Just right“.

Со свое видување за текот на подготовките, настапот на Европското Првенство и тимот излезе предводникот на репрезентацијата до 20 години, Боро Смилковски.

„Поканата да бидам селектор на У20 репрезентацијата ми дојде ненадејно во однос на тоа што навистина немав размислувано за еден таков предизвик во време во кое бев насочен исклучиво на клупските обврски. Од самиот момент кога ја прифатив истата од страна на одговорните луѓе во федерацијата ми беше претставен план за подготовки како и план за пријателски натпревари. Заеднички истиот го надополнивме и корегиравме според барањата на нашиот стручен штаб, позитивно ни беше одговорено на секое побарување, а самиот процес на подготовки помина во одлични услови и работна атмосфера.

Ми се чини дека погоре наведеното заедно со еден позитивен пристап од нас, како и отсуството на притисок во однос на резултат од страна на Федерацијата (имајќи предвид дека првенството е од А дивизија), единствени само во поставување на стандард преку овој процес и осознавање што значи да се биде репрезентативец и да се претставува оваа земја, придонесоа целиот процес на подготовки и првенство да поминат во добра атмосфера и комуникација помеѓу стручниот штаб и Федерацијата. Условите за работа беа и повеќе од коректни, исполнети беа сите побарувања на стручниот штаб во однос на сала за тренинг, суплементација и медикаменти, дополнителна опрема за тренажен процес како и соодветна теретана, со одговорност можам да наведам дека во Полска бевме и репрезентација со најмногу ‘тренажна опрема’ и дополнително чекиран багаж за да ја однесеме истата.

Гледајќи вака, единствено нешто што можеби можеше подобро е резултатите од првенството. Повеќе мислам да бевме малку подобри играчки, пофокусирани и побрзо да се адаптиравме на натпреварите. Остана впечаток дека како што одминуваше првенството бевме подобри, меѓутоа можеби можевме да донесеме опстанок за идната генерација како што претходната ни го донесе ова А дивизија првенство на нас.“ - заврши селекторот.