22.05.2024

Одредени се селекторите на младинските репрезентации кои ова лето ќе имаат настапи на Европските првенства

Боро Смилковски ќе ја предводи машката селекција „Под 20“ години на Евробаскетот во Полска

Актуелниот шеф на стручниот штаб  на екипата на ТФТ Моцарт, Боро Смилковски е назначен за нов селектор на машката репрезентација „Под 20“ години.

За Смилковски ова ќе биде прво селекторско искуство во кариерата, во која веќе четврта сезона со голем успех го води ТФТ во прволигашката конкуренција и со овој тим освои трофеј во Купот на Македонија во 2022 година.

Последните две сезони учествува и во АБА 2 лигата, а во тековната, односно во ланската стигна до полуфиналето од плеј-офот. Искуството кое го носи си себе на домашна и меѓународна сцена треба да му помогне да оствари што е можно подобар пласман на Европското првенство во во младинска конкуренција оваа година, од 13 до 21 јули. ќе се одржи во полскиот град Гдиња.

*Предводник на машката селекција „Под 18“ години ќе биде Горан Андреевски, вистински синоним за КК „Водно Санс“, екипата која во оваа натпреварувачка сезона стигна до финалниот натпревар од М18 лигата во кој вчера вечер во Гевгелија, го освоија сребрениот медал.

Искусно тренерско име кој ќе има задача, или обврска да обезбеди што подобар резултат на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое 26.јули до 4.август ќе се одржи во Скопје.

*Александар Јованчев, шефот на струката во скопски Вардар, пак ќе продолжи со успешната работа со селекцијата „Под 16“ години, која исто така ја чека настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое во периодот од 8. до 17 август, ќе го организира нашата федерација, а ќе биде реализирано во нашиот главен град.

*Селекторското место во женската селекција „Под 18“ години пак ќе го заземе Горан Крстевски. Извесно, најискусниот во оваа селекторска група, кој во изминатиот период од својата кариера посвети на женската младинска, а потоа и сениорска кошарка. Прво како тренер на Бадел 1862, а во овој момент и на МЗТ Скопје Аеродром.

Нашиот женски јуниорски состав ќе биде учесник на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое во периодот од 2. до 11. август во романскиот Плоешти.