22.01.2023

Селекторот Горан Лојо смета и на Американката со пасош на БиХ, Кортни Харт од израелскиот Елтзур Холон

Босанките во најсилен состав за февруарскиот прозорец и натпреварите со Македонија и Германија

Горан Лојо, селекторот на женската сениорска репрезентација на Босна и Херцеговина, го објави потесниот список на играчи на кои ќе смета за последниот, февруарски ФИБА „прозорец“ во квалификациите за пласман на Евробаскетот кој во 2023 година ѓе се одржи во Израел и во Словенија.

Лојо смета на сите расположиви сили, и се надева дека за средбито со Македонија и со Германија ќе ги има на располагање сите најдобри кошаркарки во овој момент.

Одреди список на кој има само две кошаркарки кои настапуваат во домашниот шампионат, сите останати се водат како интернационалки, вклучително и Американката со пасош на БиХ, Кортни Харт, која оваа сезона настапува за израелскиот состав Елитзур Холон.

На списокот кој го објави предводникот на женската босанска селекција се наоѓаат следните кошаркарки:

Милица Деура (Јоникос-Грција), Кортни Харт (Елитзур Холон-Израел), Анџела Делиќ (Тенерифе-Шпанија), Николина Кнежевиќ (Жабни Брно-Чешка),  Драгана Домузин (Слованка Прага-Чешка), Јована Мандиќ (Протеас-Грција), Николина Зубац (Брашов-Романија), Драгана Зубац (Бенфика-Португалија), Јована Марковиќ (Будуќност-Црна Гора, Николина Елез (Плеј-оф-Сараево), Лејла Омербашиќ (Пенза-Косово), Ајла Селимовиќ (Селта Виго-Шпанија), Алмедина Ахмиќ (Челик-Зеница).

Освен дуелот со нашата селекција, кој е закажан за 9. февруари, селекцијата на БиХ и вториот меч од февруарскипот „прозорец“ ќе го одигра на домашен терен. Исто така во салата „Сабит Хаџиќ“ на Илиџа во Сараево, три дена подоцна, на 12.февруари, ќе ги одмери силите и со селекцијата на Германија.