Ботевград, односно Никозија, ќе бидат во улога на домаќини на квалификациските турнири за пласман во групната фаза од натпреварите во ФИБА Лигата на шампионите, одлучи Бордот на европската зона на ФИБА.
Поради актуелната здравствена ситуација, ФИБА Европа одлучи да го промени форматот на квалификациите за Лигата на Шампионите.
Во периодот од 22. до 25. септември, ќе се играат четири одвоени турнири, по два во Бугарија односно во Кипар. А победниците на секој од четирите турнири ќе се пласира во главната, односно групна фаза од ФИБА Лигата на Шампионите.
За жал, поради пандемијата на КОВИД 19, овие натпревари од најквалитетното натпреварување на ФИБА ќе се реализираат без присуство на публика. Дополнително ќе биде одреден бродкастерот, односно телевизијата која ќе ги пренесува „во живо“ сите натпревари од четирите турнири.
Инаку, на турнирот во Ботевград, во групата „Ц“ ќе разигруваат Игокеа (БиХ), Клуж Напока (Романија), Спортинг (Португалија) Фрибург Олимпик (Швајцарија), како и Балкан (Бугарија), Цмоки Минск (Белорусија), Лондон Лајонс (В. Британија) и Нептунас Клаипеда (Литванија).
Во исто време, на собирот во Никозија ќе се појават екипите на: Ираклис (Грција), Керавнос (Кипар), Дњипро (Украина), Донар Гронинген (Холандија), како дел од групата „А“, и Хапоел Тел Авив (Израел), Бакен Беарс (Данска), Монс (Белгија) и Анвил Влоцлавек (Полска), кои се дел од групата „Б“.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ГРУПА А (НИКОЗИЈА)
ПОЛУФИНАЛЕ (23.СЕПТЕМВРИ)
Бакен Беарс – Хапоел Тел Авив
Анвил Влоцлавек – Монс
ФИНАЛЕ (25.СЕПТЕМВРИ)
ПОБЕДНИК 1 – ПОБЕДНИК 2
ГРУПА Б (НИКОЗИЈА)
ПОЛУФИНАЛЕ (22.СЕПТЕМВРИ)
Керавнос – Ираклис
Донар Гронинген – Дњипро
ФИНАЛЕ (24.СЕПТЕМВРИ)
ПОБЕДНИК 1 – ПОБЕДНИК 2
ГРУПА Ц (БОТЕВГРАД)
ПОЛУФИНАЛЕ (23.СЕПТЕМВРИ)
Клуж Напока – Игокеа
Фрибург Олимпик – Спортинг
ФИНАЛЕ (25.СЕПТЕМВРИ)
ПОБЕДНИК 1 – ПОБЕДНИК 2
ГРУПА Д (БОТЕВГРАД)
ПОЛУФИНАЛЕ (22.СЕПТЕМВРИ)
Цмоки Минск – Балкан
Нептунас Клаипеда – Лондон Лајонс
ФИНАЛЕ (24.СЕПТЕМВРИ)
ПОБЕДНИК 1 – ПОБЕДНИК 2