02.10.2021 На средбата од ФИБА Евро Купот во Софија, Ираклис-Трефл Сопот, за прв пат судеа двајца браќа, и тоа Македонци! Македонските судии со знакот на ФИБА, Зоран и Игор Митровски ќе останат запишани во историјата на европските кошаркарски натпреварувања како први браќа кои ја делеле правдата на еден официјален натпревар на ФИБА. Овој историски момент се случи синоќа, во Софија, на средбата Ираклис-Трефл-Сопот. Последна, финална од квалификацискиот турнир од групата „Б“, за пласман во групната фаза од ФИБА Еврокупот. На оваа средба, која патем речено заврши со минимална победа на тимот од Грција, друштво им правеше турскиот арбитар Мехмет Сахин, додека во улога на делегат беше Србинот Драгутин Илиќ.