18.05.2019

Бранислав Ѓекиќ – Играч на 9. коло Супер Лига!

Куманово запиша победа од 87-74 над Кожув, а најзаслужен за триумфот на својот тим е Бранислав Ѓекиќ. Кошаркарот за да оствари 36 индекс поени за ефикасност забележа дабл-дабл ефект од 23 поена, 14 скока и две асистенции и го заслужи епитетот најкорисен играч на деветтото коло од Супер Лигата. Во останатите натпревари, Гостивар славеше над МЗТ Скопје Аеродром со 98-82, а Блокотехна против Работнички со 90-89.

Во плејаут лигата, Фени Индустри славеше кај Пелистер со 64-103 додека Вардар ги испрати галебите од АВ Охрид дома со пораз од 78-70.

Следи последното коло од Супер и Плејаут лигите, па плејоф разврската за титулата во домашното првенство.