18.09.2022

Германската репрезентација го освои третото место на ЕП откако во „малото финале“ ја совлада Полска со (82:69).

„Бронза“ за Германија

Тоа е прв медал за оваа селекција по 2005 година кога во Белград заврши како второпласираната, по поразот во финалето од Грција.

 Во исто време, ова е прва бронза за Германија која има и едно злато (1993 година) и едно сребро (1995) на континенталните шампионати.

Германците доминираа речиси цел натпревар, со исклучок неколку минути пред крајот на третата и почетокот на последната четвртина во кои Полска направи пресврт и се избори за израмнување

На две минути пред крајот на третиот период, Германија водеше со (54:43), но благодарение на одличниот шут од далечина и со серија (16-5), Полјаците влегоа во егал (59:59).

Но, тука застанаа. Домаќинот, преку својот најдобар играч, Денис Шродер, се врати, со осум поени во низа, одново дојде до двоцифрен плус (76:66). Недостижен за најпријатното изненадување на 41.Евробаскет.

Шродер беше најефикасен во бронзената Германија, заврши со 26 поени. Кога требаше, за домаќините погодуваше (тројки) Војтман со 14 поени, девет скока и шест асистенции.

Во полскиот тим, го „немаше“ Понитка, а доминираше Соколовски со 18 поени. Без разлика на поразот, Полска дојде до најдобриот пласман на едно Европско првенство во последните 49 години.