Актуелниот шампион на ФИБА Лигата на Шампионите, екипата на Пабло Бургос од Шпанија и победникот на Шампионската лига на Америка, Атлетикo Куимса ќе играат на Интерконтиненталниот Куп кој е закажан за 6.февруари, 2021 година во Буенос Аирес.
Водејќи се со развоот на ситуацијата со светската пандемија предизвикана од Ковид-19, Светската кошаркарска федерација одлучи да се одигра само еден меч кој ќе го даде новиот победник во ова интерконтинентално натпреварување.
Натпреварот ќе се игра во „Обрас Санитариас“ стадионот, кој и претходно беше домаќин на ФИБА Интерконтиненталниот Куп, во 1978 и во 1983 година, а во оваа сала Аргентина ги играше и квалификациите за Светскиот Куп минатиот ноември.

Натпреварот е закажан за 6. февруари од 18. часот по локално време, односно 22. часот по средноевропско.
Во ланската едиција на ова натпреварување, шпанскиот Тенерифе беше подобар од италијанскиот Виртус Болоња (80:72).