15.07.2017 Бугарската кошаркарска федерација упати извинување до Македонската кошаркарска федерација како и до целокупната македонска јавност за непромислениот коментар од страна на нивниот репрезентативен кошаркар. На профилот на социјалната мрежа Фејсбук на Павел Маринов, утринава осамна фотографија на која тој нашата држата ја нарекува ’Југозападна Бугарија’ - нешто кое никого не остави рамнодушен. Генералниот секретар на бугарската федерација Елеонора Рангелова во телефонски разговор со Генералниот секретар при Македонската кошаркарска федерација, Моника Гаврилоска изрази огромно жалење за коментарот на играчот и упати извинување во име на федерацијата и на сите оние кои на каков било начин ја претставуваат. Веднаш по телефонскиот разговор помеѓу генералните секретари на федерациите, кошаркарот на својот профил објави извинување кое ви го пренесуваме во целост. Двете страни се надеваат дека овој немил и непромислен акт нема да ги наруши одличните спортски односи. Социјалните мрежи во последните неколку години се во центарот на вниманието на целиот свет, а сите корисници на истите треба да внимаваат на кој начин раководат со своите профили.