26.07.2023

Во плановите на стручниот тим  е да одиграат вкупно пет меча, почнувајќи од денеска, па се до 6 август.

Чесите стартуваа без ѕвездениот двоец од Барселона, Весели-Саторански

Селекцијата на Чешка, која е еден од нашите противници на претстојниот турнир од претквалификациите за Олимписките Игри, во Талин, го објави планот на подготовките за она што следува во периодот од 12. до 20.август.

Во плановите на стручниот тим на Чешка е да одиграат неколку контролни натпревари, почнувајќи од денеска, па се до 6. август.

Чесите ќе учествуваат на турнир во Португалија каде ќе се сретнат со домаќинот, со Брегот на Слоновата Коска и со Јордан.

Од 4. до 6. август, Чешка ќе биде домаќин на силен турнир кој ќе се одржи во Брно и на кој ќе учествуваат репрезентациите на Аргентина и Белгија.

Она што е особено важно е дека во конкуренција за настап на овие претквалификации не се поставени двете најголеми ѕвезди на оваа репрезентација, Јан Весели и Томаш Саторански.

Согласно со распоредот на олимписките претквалификации во Талин, селекцијата на Чешка ќе биде последен противник на Македонија. Натпреварот е закажан за 15. август од 15 часот.

ПОШИРОК РОСТЕР НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЧЕШКА: Рихард Балинт, Јаромир Бохачик, Давид Бом, Ондреј Ханзлик, Војчех Хрубан, Одреј Хустак, Џејмс Карник, Михал Козак, Вит Крејчи, Мартин Криж, Томаш Кузлинк, Мартин Петерка, Виктор Пулпан, Шимон Пуршл, Ондреј Сехнал, Спенсер Свејцар, Матеј Свобода