Во изминатите неколку дена, четири македонски тренери: Нена Трајчевска, Ивана Кметовска, Нермин Пепиќ и Оливер, на покана на турската кошаркарска федерација поминаа една специфична тренерска „мини-обука“. Како гости на националната федерација на Турција, од Истанбул, каде што престојуваа во изминатиот период, носат особено важни импресии, потребни во работата на тренерите кои се усмерени во работа со млади кошаркар(к)и.
„Успешно ја поминавме тридневната обука за тренери кои работат со млади категории на играчи, во организација на турската кошаркарска федерација. Имавме можност да слушаме и учиме од реномирани предавачи како Густаво Арелано, Селим Чинар,Селчук Ода, Еркан Унлу, Андриус Церскус. Темите беа сеопфатни и корисни за нас како млади тренери“- вели Оливер Тасков.
Освен тоа, четворицата македонски тернери имале прилика да се запонаат и со други сегменти во функционирањето на еден врвен кошаркарски колектив,, како на пример, литванскиот Ритас Вилнус...
„Слушавме за спортски менаџмент, развој на кариера, структура на клуб и управување со кризни моменти, креирање на спортска организација и запознавање со концептот на работа на реномираниот литвански клуб Ритас Вилниус.
Покрај обуката, благодарение на љубезните домаќини, добивме и едукативни материјали кои ќе ни користат во понатамошната тренерската кариера“ – дополнува младиот тренер, дел од ИБА баскет Академијата од Скопје.