Една на почетокот на натпреварот, друга во поголем дел од третата четвртина во кои обезбедија разлика поголема од десет поени. Недостижна за предизвикувачот од Куманово и во четвртфиналето од плеј-оф серијата.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – КУМАНОВО 2009 88:71 (1-0)
Еуфоричен, и што е поважно, ефикасен почеток имаа кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во првиот меч од четвртфиналето на плеј-офот против Куманово 2009.
Носени од адреналинот со кој се наполнија по освојувањето на Купот, „металците“ имаа (20:6) уште по нецели седум минути игра во првата четвртина, која ја завршија со сосема солидни (23:11). Дел од играта во кој сите играчи кои влегоа во игра (освен Мекиќ кој беше и стартер), влегоа во листата на стрелците.
Но со серијата од (9-2) кумановци се доближија на (20:25), и најавија дека немаат намера да се предадат. Андрејевиќ и Ливингстон бе предводниците на големиот пресврт кој се случи во СЦ „Јане Сандански“ во таа втора четвртина. Имаа кумановските „сино-бели“ дури и предност од три поени (35:32), но полувремето заврши со егал резултат (37:37).
Третата четвртина беше малку поразлична од претходните две, затоа што Куманово 2009 беше екипата која „повлече“ и стигна до (47:42).
Серијата од осум поени која ја отвори Олуџоби (за кратко време собра 20.поени), го означи и најдобриот дел од играта на „металците“ на овој меч. Не само што ја вратија предноста на своја страна (50:47), домашните кошаркари продолжија да го „газат“ противникот. Во тој победнички налет изградија и уште повисоки, (63:50), налик на оние од првата четвртина.
Се покажаа како недостижни за кумановци во последниот период од овој прв меч од серијата која за две вечери ќе се пресели во Куманово.
Олуџоби беше првото име на листата на стрелците кај МЗТ Скопје. Реализираше 24.поени, иако не почна во првата петорка.
Крстевски го следеше со 14, а Стојановски со 10.поени.
Четири од пет играчи во стартната постава на Куманово 2009 завршија со двоцифрен број на поени. Најмногу 17 (поголем дел од нив во првото полувреме) даде Андрејевиќ (имаше и десет скока), 15 постигна Ливингстон, Робев 14, а Марковски уште 11.поени.
ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛE
РЕЗУЛТАТИ - ПРВ НАТПРЕВАР
Работнички – ТФТ 72:65 (1-0)
Еуро Никел 2005 – Гостивар 90:79 (1-0)
Пелистер – Навико Академија ФМП 89:84 (1-0)
МЗТ Скопје Аеродром – Куманово 2009 88:71 (1-0)