08.11.2021

Поради подготовките на сениорската селекција, викендов не се играа натпреварите од групата „А“

ЧЕТВРTО КОЛО ОД ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ: Трокал не го дава врвот

ФОТО: Кошаркарките на Трокал имаат максималне ефект по четири одиграни кола

Затоа пак се одиграа четири натпревари од групата „Б“. А четвртта победа по ред остварија младите кошаркарки на Трокал. На домашен паркет во Кавадарци го совладаа Гостивар со убедливи (78:50), за одржување на максималниот ефект.  

„Дерби“, условно кажано, одиграа двете екипи кои се во горниот дел од табелата, Тим Арена и Гризли. Поискусните кошаркарки од Скопје ја однесоа победата на ова гостување во Штип (65:50). За Тим Арена ова беше првиот пораз во досегашниот тек на првенството со кое сега се израмнети (3-1) на табелата.

ПРВА „Б“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО

Тим Арена – Гризли         50:65

Трокал – Гостивар            78.50

Риниа – Шкупи      37:79

Мега Баскет – Патриот 2016    13:123

Куманово - слободен

ТАБЕЛА: Трокал 8, Тим Арена 7, Гризли 7, Патриот 2016 5, Гостивар 2009 5, Шкупи 4, Риниа 4, Мега Баскет 4, ЖКК Куманово 2020 3;

ИДНО КОЛО (20.11)

Патриот 2016 – Тим Арена

Шкупи – Мега Баскет

Гостивар – Риниа

Куманово – Трокал

Гризли - слободен