01.11.2021

Водечкиот двоец запиша по уште еден убедлив триумф, четвртти по ред

ЧЕТВРTО КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ:Бадел 1862 и Вардар без попуст

Екипите на Бадел 1862 и на Вардар продолжуваат со максималниот ефект. И по четири одиграни кола се без грешка. Во ова последното, кошаркарките на Бадел 1862 без особени проблеми беа „двојно“ подобри од Работнички. Славеа со убедливи (92:46), по четвртти пат по ред.

Истото го направија и кошаркарките на Вардар, но на гостински терен кај младиот состав на Крива Паланка (88:55).

Победнички продолжува и актуелниот бранител на титулата. Екипата на Баскет Кам 2100  која броеше до 109 во мечот против МЗТ Скопје Аеродром. Најнеизвесно беше на средбата Пробаскет и Струга 2009 која на крајот ја добија стружанки со (68:56).

И скор (3-1) со кој го одржуваат чекорот со водечкиот двоец.

И во групата „Б“ се издвоија две екипи со стонастотен скор. Кавадаречки Трокал, кој во ова коло  беше пресилен (60:23) за Куманово. И штипска Тим Арена, екипа која ја забележа, досега, најубедливата победа во оваа конкуренција. На гостувањето во Прилеп, го совладаа Мега баскет со (111:18).

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО

Пробаскет – Струга 2009           56:68

Бадел 1862 – Работнички          92:46

Крива Паланка – Вардар           55:88

Баскет Кам 2011 – МЗТ Скопје А.        109:40

ТАБЕЛА: Бадел 1862 8, Вардар 8, Баскет Кам 2011 7, Струга 2009 7, Крива Паланка 6, Работнички 4, МЗТ Скопје Аеродром 4, Пробаскет 4;  

ИДНО КОЛО (06.11)

Работнички – Пробаскет

Струга 2009 – Крива Паланка

МЗТ Скопје А – Бадел 1862

Вардар – Баскет Кам 2011

ПРВА „Б“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО

Мега Баскет – Тим Арена          18:111

Патриот 2016 – Риниа   20:0сл.

Шкупи – Трокал    49:97

Куманово – Гризли          23:60

Гостивар - слободен

ТАБЕЛА: Тим Арена 6, Трокал 6, Гризли 5, Гостивар 2009 4, Патриот 2016 3, Риниа Баскет 3, ЖКК Куманово 2020 3, Мега Баскет 3, Шкупи 2,

ИДНО КОЛО (06.11)

Тим Арена – Гризли

Трокал – Гостивар

Риниа – Шкупи

Мега Баскет – Патриот 2016

Куманово - слободен