ФОТО: Екипата на Чаир 2030 ја продолжи победничката серија во Тетово
Кошаркарите на Чаир 2030 продолжува со победничката серија во второлигашката конкуренција. Момците кои од клупата ги предводи Ерхан Рамадан, стигнаа до уште еден триумф, и тоа повеќе од убедлив. На гостувањето во Тетово се покажаа какао пресилен противник заТетекс ТТК, победија со 40.поени разлика (91:51).
За четвртта по ред, победа на чаирчани со која полека се издвојуваат како главни фаворити за местата кои водат во елитната конкуренција.
Добро турка и другиот тим од Чаир. Екипата на Шкупи, која во ова коло на гостински терен во Македонска Каменица беше подобра од Баскет Кам (78:74). Тоа е трета победа во четири одиграни мечеви за Шкупи, ист ефект кој го има и новакот во оваа конкуренција, екипата на Соколи 1933.
Штипјани пред своите симпатизери во салата „Јордан Мијалков“ ја совладаа Струмица со (77:68), за делба на втората позиција.
До првите победи во новата сезона стигнаа Црн Дрим (победа против Хераклеа со 102:89), и Борец Баскет кој во Велес го победи ГКК Охрид (77:56).
Колото број 4 ќе биде комплетирано во среда, со малото скопско дерби во кое Партизан Водно Санс е домаќин на Вардар.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО
Соколи 1933 – Струмица 77:68
Борец Баскет – Охрид 77:56
Тетекс ТТК – Чаир 2030 51:91
Баскет Кам – Шкупи 74:78
Црн Дрим – Хераклеа 102:89
03.11: Партизан Водно Санс – Вардар
ТАБЕЛА: Чаир 2003 8, Соколи 1933 7, Шкупи 7, Баскет КАМ 6, Струмица 6, Вардар 5 (-1), Партизан Водно Санс 5 (-1), Борец Баскет 5, ГКК Охрид 5, Црн Дрим 5, Хераклеа 5, Тетекс ТТК 5;
ИДНО КОЛО (06.11)
Хераклеа – Баскет КАМ
Вардар – Соколи 1933
Шкупи – Партизан Водно Санс
Чаир 2030 – Црн Дрим
ГКК Охрид – Тетекс ТТК
Струмица – Борец Баскет