Серијата на проверки ја отворија екипите на МЗТ Скопје Уни Банка и Академија ФМП. Гостите од Кисела Вода имаа постојана резултатска предност и на крајот победија со резултат (69:60).
Најефикасен играч на мечот беше новакот во редовите на Академија ФМП, Крстајиќ, кој реализираше 29.поени, додека во победничкиот тим по десет уфрлија Петровски и Атанасов.
Кај домашната екипа, по 13. реализации имаа Тодоровски и Митевски, а 11 даде Митков.
Во два дена екипите на Црн Дрим и на ТФТ одиграа два меча. А во двомечот во Струга, со шаховски жаргон кажано, 1.5 спрема 0.5 за стружани.
Откако во првиот меч одигран во салата „Тими“, беше нерешено (96:96), на вториот, домашната екипа стигна до сигурен триумф од 13. поени разлика (97:84).
Тренерот на гостите Боро Смилковски треба да биде задоволен од играта на новите кошаркари во тимот, Андреј Митревски и Австралиецот Лаклан Андерсон, кои реализираа 22, односно 20.поени, како и од ефектот на „староседелецот“ Страхил Николов кој релизираше 26.поени на првиот дуел.
Серијата на контролни средби ја заокружија екипите на Еуро Никел 2005 и на Куманово. На крајот, по 40.минути игра, победија кавадарчани со (95:81).