Женската селекција на Македонија, кошаркарки „Под 18“ години забележа уште еден пораз на гостувањето во Подгорица.
Јуниорската репрезентација на Црна Гора дојде до убедлив триумф (100:38) на втората проверка, одигран во рок од неполни 48.часа.
Нашиот тим беше дополнително хендикепиран, откако по отсуството на сестрите Начевски, на оваа средба стручниот штаб, предводен од селекторот Виктор Петровски, не можеше да смета на услугите ниту на Ива Колева, нашата најефикасна кошаркарка на првата „контрола“ одиграна вчера навечер, исто така во „Бемакс“ Арената во Подгорица.

На оваа средба, поените за нашата селекција ги реализираа: Николиќ, 3 Џангаровска 5, Алексовска 5, Груевска 5, Трајковска 6, Мариновска 9, Ѓорѓиевска 4.
По завршувањето на втората проверка против силната селекција, која ќе биде дел од ЕП од Дивизијата „А“, нашите јуниорки се враќаат назад во Скопје, каде по ден пауза ќе ги продолжат подготовките во комплетен состав.