22.06.2022

Во натпревар „сиромашен“ со поени, домаќинот победи со (46:24)

Црногорките уште еднаш подобри од нашите младинки

Со два порази се враќа нашата женска селекција „Под 20“ години од двомечот со селекцијата на Црна Гора реализирани во овие два дена.

Уште еднаш, Црногорската младинска селекција беше подобра од нашата. Во натпревар во кој имаше доста нереализирани обиди на двете страни, домашниот тим грешеше помалку, и на крајот славеше победа од (46:24).

По завршувањето на овој натпревар, нашата женска селекција „Под 20“ години се враќа во Скопје каде ќе ги продолжи подготовките за настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 9. до 17. јули ќе се одржи во Скопје.