21.06.2024

Нашата селекција „Под 20“ години го загуби и вториот контролен меч во Подгорица, во последниот дел, Црна Гора дојде до победа (73:58)

Црногорските младинци и по втор пат подобри од македонските

Во два дена, младинските селекции на Македонија и на Црна Гора го одиграа и вториот контролен натпревар во оваа средишна фаза од подготовките за учество на ЕП од Дивизијата „А“ во Гдиња.

А нашите млади кошаркари „Под 20“ години, и по втор пат беа поразни во салата „Воцо“ во Подгорица. Домашната селекција имаше одлична последна четвртина во која обезбеди дури и двоцифрен триумф од (73:58).

Слично како и на првиот натпревар, младинците на Црна Гора имаа водство, на крајот на првата четвртина беше (20:15), на полувремето нешто пониско (37:34).

Слично се одвиваа настаните и во третата четвртина во која дојдовме на само еден поен негатива, но не успеавме и да поведеме. По три одиграни четвртини Црна Гора сеуште водеше, со резултат (51:46).

А потоа следуваа и најслабите пет минути од оваа „контрола“. Во периодот од 30. до 35.минута, Црногорците направија серија (14-4), по која поведоа со недостижни (65:50).

Разлика која ја оддржаа во оние последни пет минути од овој втор меч во рок од два дена, а во кој по втор пат, најефикасен во ростерот на селекторот Боро Смилковски беше Тома Стојаноски, стрелец на 15.поени, додека пак по 12.реализираа Теодор Симиќ и Андреј Шошкиќ.  

Поени за нашиот тим „Под 20“ години на овој меч реаализираа уште и: Бошалески 8, Јакимовски 6, Бојчев 2, Саити 2 и Иванов 1.  

По овој двомеч со селекцијата на Црна Гора, нашите млади кошаркари се враќаат во Скопје каде ќе ги продолжат подготовките за настап на младинскиот Евробаскет во Полска.