Тие го завршија натпреварувањето во нашиот главен град без пораз. А во големото финале против одличната Италија, јс идкористија серија од 11-2 во финалните минути од четвртата четвртина за да ги поминат своите противници, кои заиграа во своето прво кадетско финале од 1991 година.
Гиљермо Дел Пино постигна со 22 поени, и ја освои МВП титулата на турнирот, додека Максимо Гарсија-Плата додаде 16 поени во финалниот триумф.
Шпанецот Гилдас Хименез му се придружи на својот соиграч Дел Пино во Ол-стар петорката, заедно со Италијанецот Маикол Перез, потоа Акрам Наџи од Франција и Артурас Бутајевас од Литванија.
Во меѓувреме, Франција се искачи на подиумот по убедливиот триумф од (88:62) против Литванија во натпреварот за третото место. Практично за да се реваншира за поразот „заработен“ на првиот ден од турнирот.
Јонас Булефа беше најдобар стрелец, со постигнати 19 поени, а Акрам Наџи додаде 16. На другата страна, Артурас Бутајевас постигна 23 поени и 14 скока во овој пораз, со кој минатогодишниот шампион пропушти шанса да стигне до нов медал.
Претходно, Германија го обезбеди петтото место и последователно го освои последниот билет од Европа за Светското првенство а играчи „Под 17“ години во 2024 година, и тоа со триумфот над Словенија од (65:52).
Израел го задржа статусот во „А“ Дивизијата за уште една година, откако ја победи Црна Гора со (83:61) во битката за 13. Место.
Србија го освои седмото место победувајќи ја Грција со (71:60), Полска ја совлада Турција со (61:54) и се најде на деветтото место, а Летонија ја победи Финска со (73:63) за 11.место.
Најдобрите пет репрезентации се квалификуваа за Светското првенство „Под 17 години“ во 2024 година, заедно со домаќинот - Турција.
Во меѓувреме, Хрватска ја освои титулата во дивизијата „Б“ на првенството во Питешти (Романија), откако ја победи Бугарија со (87:65). А двете селекции веќе заработија промоција во дивизијата „А“ следното лето завршувајќи на првите две места.
Конечна табела
1. Шпанија
2. Италија
3. Франција
4. Литванија
5. Германија
6. Словенија
7. Србија
8. Грција
9. Полска
10. Турција
11. Летонија
12. Финска
13. Израел
14. Црна Гора
15. Белгија
16. Македонија