08.07.2022

По 40.минути игра на втората проверка во Кавадарци, имавме едноцифрен минус (58:67)

Далеку подобро издание на јуниорките, но победата остана за Бугарија

Денеска во Кавадарци, нашата женска јуниорска селекција го одигра својот втор контролен натпревар во подготвителниот период. По втор пат во рок од 24 часа, подобра од нашата, беше селекцијата на Бугарија која славеше со резултат 67:58 (6-19, 17-12, 20-21, 15-15)

За разлика од првото одмерување на силите во „Јасмин“, на оваа средба Бугарките рано направија двоцифрена предност. По десет минути од играта гостинките водеа со (19:6).

Тоа некако го одреди понатамошниот тек на натпреварот. Нашите јуниорки до крајот на полувремето „симнаа“ добар дел до негативата, по 20.минути игра, резултатот гласеше (31:23) за Бугарија.

Во второто полувреме комплетен резултатски егал. Со забелешка дека „зелените“ знаеја како да го одбранат водството стекнато во првата четвртина и да победат.

Во далеку подоброто издание на нашата селекција „Под 18“ години, Алексовска и Николов имаа по 13.реализации, Милованова 11, а Блажевска уште десет. Во листата на стрелците се запишаа и Миткова (три поени), Танасковска, Бошкова, Ставревска и Маркоска (сите по два).