08.06.2025

Високото крило на Вардар, собра најголем број на индексни поени на финалниот турнир

Дамјан Данев е најкорисниот играч на јуниорскиот „фајнал-фор“

Кошаркарот на Вардар, новиот јуниорски шампион на Македонија, Дамјан Данев ја доби највисоката индивидуална награда на завршниот турнир од М18 лигата во машка конкуренција.

Високото крило на „црвено-црните“ имаше два одлични настапи на „фајнал-форот“ кој заврши со победа на неговата екипа.  

Неговото ол-раунд издание беше заокружено со со дабл-дабл ефект од 11.поени и 15.скока, плус и пет успешни додавања. Односно, сето тоа заедно за 32. индексни поени, најмногу во двете екипи финалисти.