29.05.2019 Капитенот на МЗТ Скопје Аеродром, Дамјан Стојановски, е најкорисниот играч во рамки на второто коло од полуфиналните натпревари во Плејофот за тековната натпреварувачка сезона.Искусниот репрезентативец за 37 минути поминати на жешкиот терен во Гостивар запиша дабл-дабл ефект од 30 поена и 11 скока за вкупен индекс на поени на ефикасност од 34. Во вториот натпревар од полуфиналната серија, МЗТ Скопје Аеродром славеше на гости кај Гостивар со 86-92 додека Блокотехна изедначи во серијата (1-1) против Работнички нанесувајќи му пораз на актуелниот шампион со 85-58. В петок (31. мај) МЗТ Скопје Аеродром ќе го пречека Гостивар со почеток во 17:30 додека Работнички ќе ја нагости Блокотехна во 19:00 часот.