04.06.2023

Двојна круна за МЗТ Скопје Аеродром во сезоната 2022-2023

Дамјан Стојановски: Знаевме дека само со добра одбрана ќе стигнеме до победа

Капитенот на МЗТ Скопје Аеродром, Дамјан Стојановски, денеска со својот клуб во сино белиот дрес ја освои осмата шампионска титула во неговата богата кариера.
Репрезентативецот на Македонија вели дека тој и неговите соиграчи знаеле што им треба за да ја освојат третата победа во оваа финална плејоф низа, за да ја запечатат двојната круна во домашното првенство, по освојување на државниот куп „Благоја Георгиевски - Буштур“ пред неколку месеци.

 

Знаевме дека само со добра одбрана можеме да стигнеме до победа и до титулата, особено против тим кој е доста силен во тој аспект.
Ги оправдавме очекувањата во домашното првенство со врзување на двојната круна, но не успеавме да ги израдуваме нашите навивачи со АБА лигата. Со седум победи испаднавме, мислам дека требаше на уште некој натпревар на победиме за да играме и наредната сезона, но тоа е што е. - кратко објасни Стојановски, па одговори на прашањето во врска со иднината на мак-баскетот од негова гледна точка.

Во Македонија секогаш имало и ќе има. Сите клубови во Македонија мораат да им обрнат внимание на младите играчи, мораат да им дадат шанса пред се, и да ги истрпат тие неколку порази за да биде што поквалитетно домашното првенство во иднината како и репрезентацијата - истакна Стојановски по натпреварот.