12.11.2022

Селекторот Алан Фос одбра 12.кошаркари кои ќе играат и во недела навечер со Македонија

Данците не менуваат ништо, без Лундберг и во Гевгелија

Селекцијата на Данска ќе игра во непроменет состав на средбата против Македонија која е закажана за недела навечер, со почеток од 19.часот, во салата „26.април“ во Гeвгeлија (директен пренос на Sportklub 1 HD).

Нивниот селектор Алан Фос остана „верен“ на ростерот со кој пред некој ден беше на гостувањето во Левице каде во доста израмнет дуел загуби од Словачка со (74:70).

Со истите 12.кошаркари ќе се обидат Скандинавците да бидат подобри од „црвено-жолтите“, и да стигнат до својата прва победа во групата „Д“.

Тоа значи дека Фос не смета и на својот најдобар играч во овој момент, Габриел „Ефе“ Лундберг, кој има клупски обврски со италијанскиот Виртус Болоња.  

СОСТАВ НА ДАНСКА ЗА СРЕДБАТА СО МАКЕДОНИЈА:

АРИС СебастиЈан, МИДТГАРД Асбјорен, ДАРБО Адама, ЗОХОРЕ Јонас, КНУДСЕН Густав, БОНДЕ Мадс, БЕРГ Силвестер, СОРЕНСЕН Ноа, ЈУКИЌ Дарко, КРИСТЕНСЕН Давид, МОРТЕНСЕН Даниел, КЛУСМАН Џонатан