11.11.2022

По поразот од Словачка, само теоретски шанси има нашиот следен противник во претквалификациите за ЕП 2025

Данска доаѓа во Гевгелија со максимални, три порази

ФОТО: Со победа во недела, ќе ги елиминираме Данците од трката за првото место - Андреј Магдевски на средбата во Нествед

Македонија е лидер во „Д“ групата од вториот круг на претквалификациите за Евробаскетот 2025. По три одиграни натпревари, нашите најдобри кошаркари имаат максимален ефект. Синоќа, во прекрасен амбиент во салата „26.април“, беше совладана селекцијата на Норвешка. Со една гранитна одбрана го сведовме противникот на само 36. поени, што е вистинска реткост во европската репрезентативна кошарка.

Разликата од 22. поени е сосема добар „капитал“ во пресрет на она што следува во наредниот перид. Во прв ред дуелот кој следува. Оној против селекцијата на Данска кој го играме одново на домашен терен, на исто место – Гевгелија, и во исто време, од 19.часот.

Скандинавците доаѓаат на Југот на Македонија со уште еден пораз, трет по ред, сега на гостувањето во Словачка. Во Левице славија домаќините, со не баш високи, но доволни (74:70). За нив тоа е прв триумф во три одиграни кола во ова друштво, кои ги оставаат „во игра“ во пресрет на колото број 4.

Она во кое на 13.ноември, Македонија игра на домашен терен против Данска, а по поразот во Гевгелија, Норвешка, во Берген, ја пречекува Словачка.

ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ 2025 - ГРУПА „Д“

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО

МАКЕДОНИЈА – Норвешка        58:36

Словачка – Данска           74:70

ТАБЕЛА

1.МАКЕДОНИЈА    3          3          0          210:181        6

2.Норвешка 3          2          1          222:201        5

3.Словачка  3          1          2          217:236        4

4.Данска      3          0          3          215:246        3

ИДНО КОЛО (13.НОЕМВРИ)

18.00: Норвешка - Словачка

19.00: МАКЕДОНИЈА – Данска