03.08.2018

Данска ја совладавме, следен е Азербејџан

Со почеток во 14часот и 15минути во малата сала при Спортскиот центар „Јане Сандански“ нашите јуниорски репрезентативци ја започнаа битката за пласман на Европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 18 години кое веќе неколку дена се одржува во нашата престолнина.

Откако во групната фаза се пласираа на последното место на табелата во групата Ц, нашите млади кошаркари разигруваа за пласман против Данска која се покажа како лесен плен. По 40 минути игра на семафорот стоеше резултат 54-85 во наша корист.

Утре, со почеток во 14часот и 15минути, нашите репрезентативци повторно ќе играат во малата сала при Спортскиот центар „Јане Сандански“, каде ќе си ги одмерат силите со Азербејџан, репрезентацијата која во рамки на првиот денешен натпревар на распоредот во оваа сала триумфира над Романија со 62-61.

Со оваа победа, Македонија разигрува за пласман од 17. до 20. место на првенство.

Целосната статистика како и снимка од денешиот натпревар може да се погледне на следниот ЛИНК.